сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

„СДСМ и ДУИ не го третираат Собранието како највисок законодавен дом, туку како место каде се вршат пазарења“

„СДСМ и ДУИ не го третираат Собранието како највисок законодавен дом, туку како место каде се вршат пазарења“

СДСМ и ДУИ денеска уште еднаш потврдија дека Собранието не го третираат како највисок законодавен дом на граѓаните туку место каде што се вршат пазарења за партизација на институциите од страна на двете структури, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денеска СДСМ во тело кое што треба да биде независно, професионално и непристрасно постави членови на правен комитет на СДСМ. Во чие име и за чии интереси ќе делуваат и постапуваат Ангел Солев и Ангеле Илиевски? Дали во име и во корист на народот или во име и корист на СДСМ? СДСМ ги претвора правосудните институции во поле за меѓу коалициони пазарења, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Врвот на партизацијата на судството јасно се гледа и со најавата за поставување на премиерот Зоран Заев на чело на ново судско тело за судски реформи. Прашањето е дали Заев го наградува Илиевски кој беше дел од одбраната во случајот „Пуч“ каде обвинетите беа е Зоран Верушевски и Заев? Парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ, користејќи го отсуството на опозицијата, докажаа дека не се залагаат за независно Собрание, туку напротив, го претворија во машинерија која ги официјализира партиските штетни политики на овие структури“.

Ваквото работење, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, не е во согласност со забелешките и заклучоците од извештајот на Прибе на кој секојдневно се повикуваат.

Најнови вести

Коронавирус