понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ и ДУИ ја поздравија одлуката на Џо Бајден

СДСМ и ДУИ ја поздравија одлуката на Џо Бајден

Пратеникот на СДСМ и шеф на Парламентарната група за соработка со Конгресот на САД, Костадин Костадинов, ја поздрави одлуката на претседателот на САД, Џо Бајден, која според него испраќа на јасен сигнал од страна на САД кои се нивните интереси во овој регион и на кој начин ќе се заштитат.

-Охридскиот Рамковен договор и Преспанскиот договор се важни државнички достигнувања. Тие се дел од нашите државни и национални интереси и тие се поклопуваат со интересите на нашите пријатели и стратешки партнери, САД. Овие два договори се усвоени токму овде во македонското Собрание и тие се гарант за стабилноста и напредок на нашата држава и на целиот регион. Еден од најсилните гарантори за овие договорите е нашиот стратешки сојузник САД, рече Костадинов.

Според него, изјавите на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека оваа партија и натаму останува против Договорот од Преспа значи вртење грб на граѓаните, но и на нашиот најголем стратешки пријател САД, на нашите сојузници во НАТО.

-Непочитувањето на овие договори е дејствување спротивно на државните и националните интереси, спротивно на меѓуетничките и соседските односи. Најголемата опозициска партија овде во Собранието станува се повеќе изолирана, се повеќе неважна.

Како пратеници избрани од народот, како членови на законодавниот дом имаме обврска овие договори да ги почитуваме, да ја следиме нивната реализација, а не да ги прекршуваме, рече пратеникот на СДСМ.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата, како што кажа, нема да дозволи да се загрози спроведувањето на овие договори, и со тоа да се загрози перспективата на Република Северна Македонија.

Демократската Унија за Интеграција ја поздравува извршната наредба на претседателот Џо Бајден со која се предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД за сите оние кои го дестабилизираат Западниот Балкан, се вмешани во корупција и ги ризикуваат демократските институции.

Од ДУИ велат дека е за поздравување фактот што меѓу оние кои што ја загрозуваат стабилноста на Западниот Балкан се етикетирани и вклучени и оние кои работат против Преспанскиот Договор и Охридскиот Рамковен Договор кои всушност се и наши прогласени светско познати црвени линии.

-Демократската Унија за Интеграција целосно ја поддржува одлуката на Соединетите Држави, поточно нивната посветеност за унапредување на отчетноста и борбата против корупцијата во Западниот Балкан но и низ целиот свет. ДУИ како одговорна партија во Република Северна Македонија ја поздравува одлуката на Белата Куќа за гарантирањето на безбедноста и политичката стабилност на Западниот Балкан, а посветеноста на администрацијата на Бајден за унапредувањето на основните интереси во заштитата на демократските институции ДУИ ќе ја подржи и никогаш нема да се двоуми, велат од ДУИ.

ЕУРО 2020

Македонија