петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

СДСМ и ДУИ да не наоѓаат изговори и да ја поддржат Резолуцијата, а Џафери наместо да се објаснува да си замине

СДСМ и ДУИ да не наоѓаат изговори и да ја поддржат Резолуцијата, а Џафери наместо да се објаснува да си замине

СДСМ и ДУИ да не наоѓаат изговори и да ја поддржат Резолуцијата, а Џафери наместо да се објаснува да си замине од позицијата претседател на Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Без донесена Резолуција Заев не смее да преговара со Бугарија. А тој веќе наговестува дека низ собраниска процедура ќе ја кочи Резолуцијата, а со тоа работи единствено на штета на Македонија.

Оваа влада не знае за ништо друго освен за работење спротивно на Уставот и законите.

Одговорот дека Талат Џафери го прекршил Уставот, но дека ќе го објасни тоа не е одговор, и треба да има одговорност, тој треба да понесе политичка одговорност.

Не смее и најголемите пропусти и кршења на Уставот и законите да поминат со објаснување.

Време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Локални избори 2021