петок, 22. февруари 2019. Вести денес: 140
home Вести

СДСМ го копира ВМРО-ДПМНЕ, преку оглас ќе бира кандидат за претседател

СДСМ го копира ВМРО-ДПМНЕ, преку оглас ќе бира кандидат за претседател

СДСМ, по примерот на ВМРО-ДПМНЕ, преку оглас ќе бира кандидат за претседател на државата.

Од партијата објави отворен повик за самокандидрање на кандидати за претстојните претседателски избори.

Во огласот се наведени критериумите кои се бараат од кандидатите- да е личност со висок општествен углед, да биде способен за извршување на високи државнички функции, да ужива доверба на членството и симпатизерите на СДСМ, како и да биде личност која на најдобар начин ќе ја оживотворува политиката на СДСМ и ќе работи на реализација на стратешките приоритети на Република Македонија- полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и меѓународна афирмација и промоција на Република Македонија.

Одлуката за објавување на повикот за кандидирање била донесена на последната седница на Централниот одбор на СДСМ, а денеска повикот е објавен и на нивната интернет страница.

Од СДСМ најавија дека името на кандидатот за претседател ќе го објават на 3 март.

Инаку, неофицијално во јавноста веќе кружат имињата на министрите Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска , Никола Димитров и на националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.