среда, 5. август 2020. Вести денес: 172
home Вести

СДСМ го избриша видеото од Јутјуб каде се слуша како Заев договара паѓање на судски случаи (ВИДЕО)

СДСМ го избриша видеото од Јутјуб каде се слуша како Заев договара паѓање на судски случаи (ВИДЕО)

Откако на социјалните мрежи, утринава, се појави нова аудио бомба на која може да се препознае гласот на поранешниот премиер Зоран Заев, таа од Јутјуб каналот експресно беше избришана.

Од соддржината на самото аудио се дознава за комбинаторики и шеми кои биле правени за да паднат судски случаи, со кој беа опфатени повеќе луѓе од поранешната власт.

Филмовите се правени за да нема притвори, вели Заев во видеото кое за жал го нема повеќе на Јутјуб каналот, но го има на Фејсбук страната „Скандал“.

Разорна бомба: Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“
https://www.youtube.com/watch?v=W3VhGSs9UqE&feature=emb_title

Posted by Скандал on Saturday, July 11, 2020

Јавноста по бришењето на видеото од страна на власта прашува дали СДСМ е во паника откако целата македонска јавност дозна како Заев владеел овие четири години откако е на власт.

„Паѓа Tалир 2, паѓа Поштенска банка, паѓаат еден куп предмети, паѓа на Али Ахмети попис, но тој е ризикот“, вели Заев мислејќи на случаите за кои СЈО покрена истраги.

Понатаму во еден момент вика дека позадинскаата игра била правена со знаење на Оливер, Радмила, Катица… и дека тие за се’ биле информирани.

„Она знае што треба да прави“, најверојатно мислејќи на Катица Јанева.

За да се случат измените на Уставот кои треба да поминат во Парламентот, Заев вели „доближува гласањето у парламентот, јас и викам, значи тоа го кажувам. Дојде Оливер, Радмила корегираа, другите – абе чоек што праиме, се’ знае што се прави позадински. На пример што правам јас, кога правиш за сите правиш, генерално сум поставил сам, сум против притворите сум, јавно кажувам со се’. Викам ОК, треба ли тоа у парламент да биде или не треба, ако сакате да се откажува у парламентот. Викаат не, не, важно у Парламентот, па извинете врзани се пратениците, помагал чоекот, тоа е, сум го кажувал тоа“, вели Заев.

Заев се паши дека ќе биде цел на силна критика од граѓанските организации за правдата која нема да ја испорача.

Интергалниот текст од аудио разговорот:

Зоран Заев: И доаѓаа два- три пати тука кај мене, значи Врховниот суд ја донесе одлуката и таа одлука се до Врховниот суд додека стига е таа одлука. Доле гледаш заебаваат, основни… не знаат како да постапат, лавираат… Ние политички не смееме многу ова заради граѓанскиот сектор, сега во законот го ставивме дека материјалите важат до 30 јули 2017-та, финито, готово тоа и за ДУИ е важно и тоа е дел од решенијата кои ги нудиме. Со самиот закон се затвора, се што е после 30-ти, остануват живи само 18-те предмети.

Зоран Заев: Доближува гласањето у парламентот, јас и викам, значи тоа го кажувам. Дојде Оливер, Радмила корегираа, другите – абе чоек што праиме, се знае што се прави позадински. На пример што правам јас, кога правиш за сите правиш, генерално сум поставил сам, сум против притворите сум, јавно кажувам со се. Викам ОК, треба ли тоа у парламент да биде или не треба, ако сакате да се откажува у парламентот. Викаат не, не важно у Парламентот, па извинете врзани се пратениците, помагал чоекот (Мијалков), тоа е, сум го кажувал тоа.

Зоран Заев: Втора работа, објаснувајќи на сите дека треба да се случат сите овие работи, значи комбинациите кои што се правени тогаш со Катица, со Оливер, со Радмила со сите што се чинители тука, да знаат дека се обидуваме да дојдеме до бројки, до се… филмовите се правени комплетно дека луѓето не треба да одат во притвори, имат си дела, нека си одговараат… итн и готово. И кога слушнаа за Врховен суд, знаеа, не се паднати од Марс. Јас на сите сум кажувал принципиелно, таа работа мора да ја истераме до крај, 18-те ќе се тераат.

Зоран Заев: Паѓа талир 2, паѓа Поштенска банка, паѓаат еден куп предмети, паѓа на Али Ахмети попис, и готово целиот тој ризик е тој.

Зоран Заев: Почнаа да тепаат невладините организации, граѓанскиот сектор… знаејќи го тоа се’, ако го издржавме тоа, нема како. Она знае што се случува во тој момент и знае што мора да се случи, значи ако она не ги заврши работите, судот ќе ги заврши. Така одат работите, судот носи одлука и спротивно мислење. Така да во тој период тоа се случи.

Инаку на почетокот на оваа година излегоа аудио материјали, каде Заев тврдеше дека со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, заедно договарале паѓање на судски случаи.

Во нејзе се вели:

З.З.: Со Јово и сум бранел во јавност, и сум јадел… Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд. Врховен суд тоа сам не мооже да брка. Им реков почекајте, ќе видите одлука на врховен суд, оп се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас-трас готово. Ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши. Одлуката на Врховен суд е донесена.

Коронавирус