понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 140
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

„СДСМ ги злоупотребува правата по основ на мајчинство и родителство“

„СДСМ ги злоупотребува правата по основ на мајчинство и родителство“

Власта на СДСМ дури и на крајот на нивниот мандат и за ова малку време што им останува не се човечни и праведни спрема најранливите категории. Мајките кои што користат отсуство поради бременост, раѓање и родителство за два месеца (март и април) сеуште немаат земено надоместок, тие реагираат дека веќе два месеци, а според некои и дури три месеци, се доцни со исплатата на надоместок на плата за работнички кои користат отсуство поради бременост, раѓање и родителство, а и отсуство за нега и заштита на дете. Во нив има и самохрани мајки на кои ова им е единствен приход, а и такви каде другиот родител ја изгубил работата во новонастанатава ситуација, реагираат од комисијата за труд, социјална политика, демографија и родови прашања на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа влада знае само да излегува со разни соопштенија и лажни ветувања, а од истите нема ништо. Исто е сега и во оваа ситуација, па каде се заемите со кои што ја задолжија државата за кои што нема да можеме да се оправиме со години. За што ги потрошија? Или пак, во кој џеб ги ставија? Зарем има уште место?

Во вакво кризно време каде што секое работно место виси на конец, доведоа до намалени плати или до воопшто не зимање на плата незамисливо е една таква категорија каде што ние треба да се грижиме за најмалите и најранливите да не се добие воопшто надоместок цели два месеца.

Исто така каде е сега обвинителството да утврди одговорност за неисплата на овој надоместок со кој што се надминува секој можен рок?

Мора да се случи промена и враќање на нормалниот живот на граѓаните и крај на тероризирањето од сегашнава власт.
ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на престојните избори и ќе го врати достоинството и сигурниот живот на граѓаните!

Коронавирус