среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 136
home Вести

СДСМ ги заборави ветувањата од предизборието, продолжува партизацијата на сите пори на општеството

СДСМ ги заборави ветувањата од предизборието, продолжува партизацијата на сите пори на општеството

Јавноста секојдневно е сведок на постапување на партиски кадри на СДСМ на чело на државните институции кои треба да ги штитат интересите на сите граѓани. Само последно во низата именувања е изборот на младински претставник во Управниот Одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка РИКО, за Западен Балкан.

Токму СДСМ во предвечерието на парламентарните избори излезе со соопштение за јавноста во кое се критикува изборот на партиски кадар кој ќе биде младински претставник во Управниот Одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка. Тогаш избрана беше Бојана Наумовска. Сега кога СДСМ е на власт младински претставник во РИКО е избран токму братот на советникот од редовите на СДСМ во општина Теарце, Лазар Ѓорѓевски. Тогаш се огласија и невладините организации меѓу кои и Националниот младински совет на Македонија. Од советот во 2017 година истакнаа дека младите бараат нов легитимен избор за свој претставник во Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Изгледа младите повеќе не бараат легитимен претставник во РИКО па сега на оваа позиција се најде Владимир Ѓорѓевски кадар на СДСМ и активист на шарената револуција.

Имено станува збор за многу важна канцеларија за меѓународна соработка која е спонзорирана од Германија и е клучна за Македонија и македонскиот спорт.

Владмир Ѓорѓевски исто така беше истакнат член на шарената револуција, кој своевремено на својот Фејсбук профил ја напиша паролата ,,Ќе има правда, ќе има мир’’ ја замени за ,,Ќе има фотеља, ќе има мир’’.

Коронавирус