понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Вести

СДСМ ги разрешува Миле Зечевиќ, Цветанка Ласкова, Јован Деспотовски

СДСМ ги разрешува Миле Зечевиќ, Цветанка Ласкова, Јован Деспотовски

Освен генералниот секретар на партијата, Кирацовски, вечерва е разрешен целиот извршен одбор на СДСМ, што, според информациите, повлекува и разрешување на другите секретари на партијата – организацискиот Миле Зечевиќ и за меѓународна соработка Јован Деспотовски, објавува „Независен“.

Разрешени се и потпретседателите на партијата – Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Благој Бочварски, како и претседателката на Форумот на жени Цветанка Ласкова.

-Овие позиции, како што се најавува, треба да се пополнат на нова седница на ЦО – на 9 или на 16 јуни. Се очекува тогаш или уште вечерва да биде закажан и постизборниот конгрес на СДСМ, што, според статутот, треба да се одржи најдоцна во почетокот на јули. Тогаш, делегатите треба да се изјаснат за доверба за партискиот лидер Заев, заменик-претседателката Радмила Шекеринска и централниот и надзорниот одбор на партијата, согласно со резултатите од претседателските избори, анализира „Независен“.

Седницата на централниот одбор, која почна околу 18 часот, е се уште во тек и една од темите е исходот од претседателските избори.