четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ ги отстранува огласите за партиски попишувачи, но срамот и скандалот остануваат (ФОТО)

СДСМ ги отстранува огласите за партиски попишувачи, но срамот и скандалот остануваат (ФОТО)

Во која друга држава партиски војници спроведуваат државен попис?, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по скандалот на СДСМ, кој меѓу своите сопартијци бара државни попишувачи.

-Најдобар доказ дека не е статистичка, туку политичка операција пописот. Партиски оглас за државни попишувачи. Срам и беда. Од месечината се гледа дека овој попис на власта е фалсификат. Затоа, стоп за овој фалсификат попис!, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Како што веќе објави КУРИР, СДСМ излезе со партиски оглас за државни попишувачи.

СДСМ меѓу своите сопартијци бара државни попишувачи. Скандалозно е како партијата на Зоран Заев го прави партиски процесот за кој велеше дека е статистичка операција, а не политички процес.

На социјалните мрежи, на профилите на СДСМ, се споделуваше оглас во кој се бараат реонски попишувачи и инструктори.

Тоа значи дека оваа Влада организира попис кој ќе биде спроведен од членови на СДСМ кои работат за интересите на Зоеан Заев и ќе ги спроведуваат неговите насоки.

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ излезе со јавни обвинувања за овој чин, очигледно е дека од СДСМ пристигнала насока да се отстранат овие објави од социјалните мрежи.

Така, исчезнуваат огласите од страниците на СДСМ на Фејсбук, но срамотата и скандалот ќе им остане.

Тие ги кријат објавите, но ние истите ги зачувавме и го пренесуваме уште еднаш во продолжение:

 

 

 

 

Коронавирус