вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 170
home Вести

СДСМ ги остави вработените во Казандол без работа, егзистенцијата ќе ја бараат во странство

Според вработените во рудникот, ова што владата на СДСМ го направила воопшто не наликувало на живот кој што го ветуваше во предизборниот период.
СДСМ ги остави вработените во Казандол без работа, егзистенцијата ќе ја бараат во странство

Откако владата на СДСМ донесе одлука на владина седница да го раскине договорот за концесија за минерални суровини со рудникот Казандол, вработените се повеќе стравуваат за својата и животната егзистенција на семејствата.

Со ваквата непромислена одлука на Заев и неговата влада, на улица ќе останат над 250 вработени во рудникот Сардач МЦ.

Според вработените во рудникот, ова што владата на СДСМ го направила воопшто не наликувало на живот кој што го ветуваше во предизборниот период.

-Ова е греота и срамота да се затвори еден ваков рудник со нова технологија. Банални се овие работи. Вака ли ќе дојде животот во Македонија? Ние сега каде да одиме? Дали со ова ќе се гарантира сигурен откуп на земјоделието, откуп на зелката? Што ќе правиме сега ние, праша еден од вработените во рудникот.

Животната голгота не застанува тука. После избрзаната одлука на Заев, граѓаните од тој крај се приморани се помасовно да  ја напуштаат државата. Според нив, на ова се решиле бидејќи единствена егзистенција за нивните семејства бил приходот од рудникот.

-Сите бенифиции се исполнети и за работно време, за плата и за се друго. Се плашиме бидејќи ова за општината и за државата не е добро. Ако си заминат ваквите инвестиција од тука, ние ќе мора да бараме излез од ситуацијата и да бегаме од државата, додаде еден од вработените.

Нивните изјави ги пренесе телевизија 24Вести.

Коронавирус