сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ ги окупираше протестите на новинарите и го задушува новинарското незадоволство

Слободата на медиумите во Македонија е мисловна именка, а присуството на владините функционери на протестот на новинарите е дополнителен притисок врз медиумите.
СДСМ ги окупираше протестите на новинарите и го задушува новинарското незадоволство

СДСМ денес се обиде да го задуши огромното незадоволство на новинарите и медиумите од нивното деветмесечно владеење. На истиот начин на кој што се задушуваа протестите за загадувањето, со присуство на голем број владини функционери, се обидоа да го задушат незадоволството на новинарите. Протестот беше организиран од страна на Здружението на новинари на Македонија поради заканите кои стигнаа до претседателот на здружението, Насер Селмани, од страна на братот на Бекир Асани.

Селмани по својот Фејсбук пост во кој ја критикуваше владата за начинот на кој се справи со физичкиот напад на полицајката од висок функционер на ДУИ, добил низа закани по неговиот живот. Селмани добил закани  по живот од братот на Бекир Асани, претседател на општинската организација на ДУИ во општина Чаир поради критиката за случајот со Асани кој ја нападна полицајката која откако беше повикана кај министерот Оливер Спасовски, го промени исказот и изјави дека била само вербално нападната.

Со цел да го амортизира револтот кај новинарите, кон владата и коалицијата која најгрубо им се заканува на новинарите на митингот присуствуваше и Роберт Поповски, министер задолжен за комуникации или како што популарно го нарекуваат министер за „пропаганда“, портпаролот на влада Миле Бошњаковски и Петрит Сарачини дел од кабинетот на Алаѓозовски.

Нивното присуство од новинарите беше протолкувано како обид за да се задуши револтот на новинарите.

На денешниот протест, претседателот на ЗНМ истакна дека покрај заканите по неговиот живот имало и закани по животот на неговата фамилија. Незадоволството кај новинарите од  „слободата на медиумите“ е акумулирано во овие девет месеци, а дополнително го подгреа вчерашниот случај со емисијата КОД.

Вчерашната емисија КОД на Снежана Лупевска  не беше објавена во целост, односно беше цензурирана.  Новинарката на својот Фејсбук профил напиша:

„Вечерва се соочив со уште еден притисок кога бев информирана дека новата епизода на КОД нема да биде објавена во целост. Во емисијата ги прикажуваме трагичните судбини на двајца работници. Едниот од нив умрел во фабричката хала кога го згмечиле котури, а другиот останал без двете раце при повреда на машината на која работел. И двата случаји тапкаат низ судските лавиринти со години. Александар е мртов, а Христијан е без рака, но се надева на вештачка за која во моментов нема финансиски средства. Почитувани пријатели, од етички, морални, но пред се човечки причини, решив, и покрај можните последици за мојата кариера и работа во телевизијата, на мојата ФБ страница да ја објавам целосната емисија, со првиот прилог, така како што беше направена и таква каква што требаше да ја погледнете. Јас останувам на страна на вистината и искрено се надевам и верувам дека оваа емисија ќе допре до сите вас и заеднички ќе им помогнеме на семејството на Александар, на Христијан“.

Во јавноста се памети и случајот во министерството за надворешни работи кога кон новинар на ТВ 21 беше упатена закана дека доколку постави прашање нема да добие интервју со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Слободата на медиумите во Македонија е мисловна именка, а присуството на владините функционери на протестот на новинарите е дополнителен притисок врз медиумите.

Коронавирус