петок, 4. декември 2020. Вести денес: 96
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Вести

СДСМ ги излажа стечаjците, револтирани и разочарани бараат итна средба со Царовска

СДСМ ги излажа стечаjците, револтирани и разочарани бараат итна средба со Царовска

Помалку од 200 стечајци од вкупно над 650 во Штип се опфатени со Законот за стечајните работници, кој го донесе власта. Стечајните работници се револтирани и разочарани, велат дека власта ги излажала.

Тие револтирани по нивниот вчерашен состанок, бараат итна средба со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Стечајците бараат таа лично да им објасни кои се условите за добивање на стечајниот месечен надоместок.

Стечајците велат дека се изманипулирани, бидејќи голем број на нив ширум државата, според некои дури и над 2/3 не се опфатени со Законот кој го изгласа власта.

Поради дополнувања и измени во Законот за стечајци во моментот целата постапка е стопирана, на штипските стечајци им објаснуваше нивниот координатор. Со новите измени како што беше речено, се предвидува стечаен надоместок да има и за вработените во акционерските друштва.

Со Законот за стечаен надоместок засега се опфатени само дел од погоните на поранешните текстилни гиганти Македонка и Астибо, како и дел од Земјоделскиот комбинат Три Чешми, пренесува Алфа телевизија.

Коронавирус