петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Вести

„СДСМ единствено успеа да го уништи здравството- Заев и Филипче ги избркаа докторите од Македонија“

„СДСМ единствено успеа да го уништи здравството- Заев и Филипче ги избркаа докторите од Македонија“

Срамно е СДСМ да се фали со мерка која никој не знае како ќе се спроведува. СДСМ единствено успеа да го уништи здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на СДСМ заборавија на ветувањата кои ги даваа пред да дојдат на власт. Заев и Филипче ги избркаа докторите од Република Македонија. Наместо подобро здравство, пациентите од СДСМ добија само криминални тендери, стои во партиската реакција и се додава:

„Не направија ништо за јавните здравствени установи, ниту реновираат, ниту опремуваат. Нема ништо од новиот клинички центар. Време е да се стави крај на ова владеење, време е да се распишат предвремени парламентарни избори и да започне обнова на Македонија“.