четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

„СДСМ е на прав пат за во опозиција: Мицкоски има стручни соработници со кредибилитет и професионално докажани- советниците на Заев се нереализирани ликови со сомнително минато“

„СДСМ е на прав пат за во опозиција: Мицкоски има стручни соработници со кредибилитет и професионално докажани- советниците на Заев се нереализирани ликови со сомнително минато“

СДСМ е на прав пат за во опозиција. Македонија не смее да продолжи да тоне со Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ е опцијата која може да ја носи Македонија напред. Неспоредливи се кадровските капацитети на тимот на Заев со тимот на Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Советник на Заев за енергетика е Митко Андреев, човек со кого местеа тендери, а на Мицкоски Сања Божиновска, докторант на Харвард. Неспоредливо е да се компарираат Миле Зечевиќ со професорите Александар Климовски или Лазар Јовевски. Не можат да се споредат Тања Чочарова со Гордана Силјановска Давкова, стои во партиското соопштение и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ како стручни соработници на Мицкоски има луѓе со кредибилитет, професионално докажани, СДСМ како советници на Заев има нереализирани ликови, од кои голем дел се со сомнително минато. Македонија има потреба од луѓе кои ќе работат за државата, а не за сопствениот џеб, како што е сега со Зоран Заев на власт“.

На Македонија, потенцираат, не и се потребни повеќе луѓе без знаење и капацитет.

-Македонија има потреба од професионалци, кои си ја знаат работата и кои ќе го направат потребното за обнова на Македонија. Граѓаните се погласно бараат промени. СДСМ мора да си замине. Потребни се предвремени избори час поскоро.

Коронавирус