сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 43
home Вести

СДСМ беше покровител на упади, уништување, тепање, но им пречи Трипуновски кој затекна раководител со нозете на биро

СДСМ беше покровител на упади, уништување, тепање, но им пречи Трипуновски кој затекна раководител со нозете на биро

Партијата на Зоран Заев може да се “пофали“ како поддржувач на многу деструктивни сценарија кои се случија во Македонија.

Така, сите високи функционери на СДСМ беа во првите редови на „Шарената револуција“ чии членови го фарбаа градот, ги уништуваа зградите на институциите и спомениците, па со тоа плукаа по симболи на македонската историја.

Зоран Заев и самиот фрлаше балони со боја врз зградата на министерството за правда, а даваше јавна поддршка за сите оние кои тогаш беа тргнати во уништувачки поход низ скопските улици. За време на овие протести беше искршена и запалена народната канцеларија на тогашниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов.

СДСМ од опозиција беше покровител и на упади во театри. Членови на граѓанското движење „Протестирам“ упаднаa во театарот „Комедија“, при што  ја прекинале претставата „Лисистрата“ која таа вечер се играше на сцената на театарот, а за која влезот беше бесплатен.

Неколку минути по почетокот на претставата, голем дел од присутните ги ставиле натписите „протестирам“ на себе и почнале да се фотографираат, правејќи си „селфи“. Откако го направиле тоа, групата, која броела околу дваесет лица, го напуштила театарот, по што изведбата на претставата продолжила.

Партијата на Заев одлучи градоначалникот од нивните редови, Курто Дудуш, да не биде казнет за тепање на вработен во општината Шуто Оризари.  СДСМ замолче и кога нивниот градоначалник од Демир Хисар им се закануваше на вработените да не излегуваат на протести.

Но, тоа што со сигурност им пречи на СДСМ е јавноста да види каков кадар власта постави на функции.

Затоа толку им пречи што заменик министерот во МЗШВ, Цветан Трипуновски, направи контрола на вработени и шефот го затекна со нозете во вис.

Со ова СДСМ не може да се помири. Ќе премолчат од партијата тепачки, закани, палење, кршење, уништување, притисоци, но не можат да не застанат во одбрана на нивни луѓе кои земаат плата од граѓаните за да дремат цел ден со нозете на биро.

Еве како Трипуновски го фати началникот на МЗШВ во Берово со нозе во вис за време на работа

Коронавирус