среда, 2. декември 2020. Вести денес: 11
home Вести

СДК: Јанева не е под истрага, само и биле побарани телефоните

СДК: Јанева не е под истрага, само и биле побарани телефоните

Обвинителството за организиран криминал од специјалната обвинителка Катица Јанева ги побарало нејзините телефони во врска со истрагата во која Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец беа уапсени за примање поткуп и перење пари, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Катица Јанева не е под истрага и не ѝ бил вршен претрес, велат извори од обвинителството.

Како што кажа обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска на денешната прес-конференција за случајот, првоосомничениот Боки 13 го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, двајцата осомничени побарале 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите откако извлекле 1,5 милиони евра.

За двајцата до судија за претходна постапка е поднесено барање за определување мерка притвор.

Коронавирус