недела, 15. септември 2019. Вести денес: 76
home Вести

SCOOP: Семејството на Шекеринска купило возило за забава вредно 40 просечни плати

SCOOP: Семејството на Шекеринска купило возило за забава вредно 40 просечни плати

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска на својата имотна состојба го додала моторното возило „BRBCAN AM Outlander MAX XT-P1000 T 3 B ABS“, открива центарот за истражувачко нивинарство SCOOP.

Луксузното “оф роуд” возило за забава на 4 тркала се вози по планини, чини 15 илјади евра, а е во сопственост на нејзиниот сопруг.

-Се работи за ново моторно возило, уредно пријавено како нов стекнат имот на брачен другар, во вредност од 927.000 денари, за чија исплата, како што е наведено во образецот на ДКСК за пријавување промени на имотната состојба, е подигнат потрошувачки кредит со рок на подмирување до 2024 година, велат од кабинетот на министерката Шекеринска за SCOOP.

Целата сторија на SCOOP овде.