сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 73
home Вести

Саздо се мачел, имал силни болки- Пресуда за убиството на 23. април

Саздо се мачел, имал силни болки- Пресуда за убиството на 23. април

На 23 април во Кривичниот суд ќе биде изречена пресудата за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски. Ова беше објавено денеска на завршните зборови од судењето.

Како што стои во обвинителниот акт, Бесир Беља и Скендер Демири со 19-годишниот Ј.Љ. кој е во бегство, крвнички го претепале Саздовски на булеварот Александар Македонски во Автокоманда.

Претходното рочиште помина со изведување на психијатриско вештачење од доктор специјалист.

Лекарот специјалист, на прашање од јавниот обвинител во исказот пред Судот рече дека, мислењето е извршено врз основа на вештиот наод и мислење од судска медицина за видот и повредите и дека иако се било кратко Саздо имал силни болки во пределот на лицето, градниот кош и интензивни главоболки.

Коронавирус