понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 105
home Вести

Савески: Повеќе од 50 илјади луѓе се невработени, волкава бројка сме немале од 2012 година

Савески: Повеќе од 50 илјади луѓе се невработени, волкава бројка сме немале од 2012 година

Активистот Здравко Савески преку статус на Фејсбук пишува дека од 2012 година не сме имале толку голема невработеност.

-Толку висока невработеност сме немале осум години, од 2012 година. Речиси 50.000 повеќе невработени се регистрирани во Агенцијата за вработување од почетокот на годината. Сега наградното прашање. 50.000 лица за македонски стандарди ви е големина на еден средно голем град. Зошто нема социјално незадоволство, првенствено од овие 50.000 луѓе што изгубиле работа?, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Толку висока невработеност сме немале осум години, од 2012 година. Речиси 50.000 повеќе невработени се регистрирани во…

Posted by Zdravko Saveski on Сабота, 21 ноември 2020

Коронавирус