четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 114
home Вести

Сарамандов: Луѓето патуваат во вселената, а Гевгелија се гуши во чад од депонија, мора стратегија за развој и задржување на младите луѓе

Сарамандов: Луѓето патуваат во вселената, а Гевгелија се гуши во чад од депонија, мора стратегија за развој и задржување на младите луѓе

Андон Сарамандов припаѓа на помладата генерација политичари кој доаѓа од Гевгелија. Среќно оженет и татко на две деца, моментално советник од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Општинскиот Комитет на оваа партија. Сарамандов по мајка потекнува од постара гевгелиска фамилија и е чест аргументиран критичар и борец за потребите на гевгеличани. Разговаравме за повеќе актуелни теми, за проблемите на гевгеличани, но и неговата визија за развој на градот и општината.

Курир: На национално ниво има слика дека Гевгелија нема проблеми и некако многу ретко е во фокусот на јавноста. Како се живее во Гевгелија?

Сарамандов: Гевгелија важи за прилично мирољубиво и гостопримливо место. Верувајте проблемите кои ги живее секое просечно семејство во нашата земја не се ништо поразлични и во Гевгелија. Ги делиме истите предизвици, но и гевгеличани ги имаат истите потреби за добар живот. Би рекол дека во последните речиси три години има еден негативен тренд на зголемена невработеност, која е последица на корона кризата, но и негативниот импакт од економските политики кои не даваат резултати. Се повеќе млади остануваат без работа и нормално бараат брзо решение кое најчесто резултира со отселување или барање на работа во странство. Мене ми е многу жал, но полека и сигурно Гевгелија го губи приматот на општина каде невработеноста не е голем проблем. Воедно затворените граници придонесоа и за намалена трговија и посети од јужниот сосед што прилично ја затегна економијата. Најголем дел од приходите на стоматолозите, малите стопанственици и занатчиите во Гевгелија зависат од туристите. Овие денови во мојата Гевгелија најретка глетка се младите луѓе кои сезонски бараат подобра судбина и ја бараат среќата на подобри места. Една жалосна слика.

Курир: Но, дали тоа значи дека нема други проблеми во најужниот град?

Сарамандов: Во последните месеци најакутен проблем е старата градска депонијата. Континуираната негрижа придонесува за еден вид на еколошка хаварија каде во најтоплите денови летото се спалува отпад и воздухот во градот и околината е неподносливо загаден. Генерации гевгеличани не паметат толкаво ниво на загаденост. За жал општината и градоначалникот не ги користат своите ингеренции за средување на оваа опасност за Гевгелија. Повиците да се реши проблемот депонијата се игнорираат. Луѓето патуваат во вселената, но за жал главен проблем за општината е да среди депонија, чиј потенцијал преставува вистинска еколошка бомба од зарази и потенцијално загрозување на здравјето на луѓето. И покрај ветувањата дека ќе се обезбеди доволно чакал, мрежа и соодветни ресурси за успешно менаџирање, најлесно е да се согорува отпадот што го прави секојдневието во Гевгелија неподноливо.И сега имаме ситуација со која старата градска депонија треба да се затвори,а новата градска депонија не може да се пушти во употреба бидејќи е искината геотекстилната мембрана. Под итно потребно е да се заложат врвните експерти од екологија и да се понудат решенија кои ќе бидат најкорисни за граѓаните. Мора да се покаже одговорен и поинаков пристап кој нема да ја загади средината но и ќе го реши проблемот. Јас сум во комуникација со врвни експерти од областа и се нудам на располагање да помогнеме за доброто на Гевгелија. Градот под Кожув не смее да стане извор на загадување. Фали работа и ангажираност и заеднички може да се дојде до квалитетни решенија.

Курир: Го споменавте Кожув, кога зборувате за визија, дали сметате дека е доволно искористено ова место? Впрочем која е вашата визија за Гевгелија.

Сарамандов: Мојата визија почива на 4 столба, и еден од централните елементи е токму е стратегија за развој на туризмот во кој централно место е токму Кожув. Видете, многумина од земјава и регионот се воодушевуваат од понудата на балканските планини, а токму Кожув е скриениот бисер на Македонија и Балканот, со потенцијал за најголемите ски патеки во земјава како и развој на летен планински туризам.Кожуф,исто така е погоден за развој на ловен и милитарен туризам. Развиен туризам на Кожув ќе значи економски развој и бум не само на Гевгелија туку на цела југоисточна Македонија. Секоја една инвестиција во Кожув ќе се врати десетоструко на државата и стопанството во Гевгелија.Овде мора да споменам дека Гевгелија е богата со геотермални води и затоа сметам дека бањскиот туризам треба да бидецеден од приритетите во иднина. Со добар и системски пристап ве уверувам дека е можен вистински бум. Втората точка, или вториот столб од мојата визија се младите и спортот. Мора да создадеме услови да ги задржиме младите во родното место. Ниту еден млад човек не е среќен кога мора да се исели, мора да се избориме тука да ја наоѓаат својата среќа. Како? Преку нудење на иднина ,сигурност и добри примања. Гевгелија го има тој потенцијал и мора да се бориме Европската Унија да ја донесеме овде дома, преку стандарди и начин на живот. Воедно мора да се овозможи и инфраструра за спорт. Гевгелија секогаш била град на спортски таленти.

Секако важен столб во мојата визија е екологијата, чистиот воздух и чистење на депониите. И најпосле решавање на урбанизмот како широко поле на проблеми. Главен проблем е што во овој момент Гевгелија се развива без план, не смее општината да биде зарабоник на лични бизнис интереси туку да биде сервис на граѓаните. Не сакам да се пропушти можноста за квалитетно урбанистичко планирање кое во многу градови доведе до целосен крах и заврши со урбанистичко дивеење. Тоа нема да го дозволам да се случува во мојата Гевгелија.

Курир: Како би го оцениле работењето на актуелниот градоначалник Сашо Поцков?

Сарамандов: Мене ми е многу жал што се пропушти четири годишна шанса за развој на Гевгелија и што не се искористи времето за започнување на капитални проекти. И ова не е голо критизерство, туку реален пристап. Ќе бев среќен доколку денес заеднички се натпреварувавме во идеи за подобра Гевгелија, но општината е заглавема во преболиме од 19 век. Тоа мора да се смени. Мора поинаков пристап кон проблемите и нудење на решенија за граѓаните. Гевгелија која ќе биде поврзана општина, Гевгелија која ќе биде место за младите, средиште на многу културни и економски збиднувања, која ќе нуди иднина и парче среќа за сите генерации. Време е за промени и нови политики.

Курир: Дали би се нафатиле на функцијата градоначалник?

Сарамандов: Подготвен сум во секое време да го помогнам и предводам развојот на Гевгелија. Оставам на одлуката на мојата партија, но пред се мислењето на граѓаните на општина Гевгелија

Коронавирус