понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 61
home Вести

Санкционирани 412 лица за неносење заштитна маска, на 852 лица им се издадени решенија за изолација

Санкционирани 412 лица за неносење заштитна маска, на 852 лица им се издадени решенија за изолација

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата.

Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 24567 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 412 прекршоци во изминатото деноноќие, објави преку социјалната мрежа на Фејсбук министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 72 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 852 лица им се издадени решенија за изолација, а 10 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што е евидентирано 1 лице кое не ги почитувало овие мерки.

Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Најнови вести

Коронавирус