сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Самоволието и незаконското однесување на градоначалникот на Гази Баба не престанува“

„Самоволието и незаконското однесување на градоначалникот на Гази Баба не престанува“

Почитувани, Власта на СДСМ продолжува по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски продолжува со самоволното, незаконско и понижувачко однесување кон вработените и директорите во основните училишта и градинките на територијата на општината.

Имено во ООУ ,,Наум Наумовски-Борче” градоначалникот не постапил согласно член 115 став 3 од Законот за основно образование, односно не распиша оглас за избор на директор бидејќи директорката Лилјана Стефановска не беше погодна од две причини: ги подобри условите за учење и работа во училиштето и за својата работа во нејзиниот 4-годишен период училиштето беше оценето со највисока оценка од надлежните институции. Потоа ја назначи в.д. директорката Марија Депиновска чиј брат воедно е директор на СЕТУ ,,Михјло Пупин”. За истата е поднесена преставка до ДПИ за вонреден инспекциски надзор за оценување на нејзиното незаконско работење по која се уште не е постапено, за притисокот кој го вршеше кон Советот на родители и Училишниот Одбор. Градоначалникот не постапува согласно член 118 став 2 од Законот за основно образование бидејќи Училишниот Одбор не му е по мерка или штитеничката сѐ уште не ги задоволува сите критериуми за директор па мора да се почека, односно повторно не распишува оглас за избор на директор и на 6.2.2020 год. именува по втор пат в.д директор и постстапува спротивно на член 118 став 1 од Законот за ОО, односно именува в.д. директор кој не ги исполнува условите за директор.

Скоро да не постои училиште кое не е на удар на партиското самоволие на градоначалникот и неговите пулени. Рецептот им е секогаш ист: ,,разрешување или завршување на мандатот на актуелниот директор, поставување на в.д. директор кој има за задача да ги смени Училишните одбори, па потоа распишување на оглас за избор на директор”. Односно нема критериум за квалитет, не се почитува автономијата на Училишните Одбори, не се почитува законот за основно образование, и постои тесна спрега со ДПИ во остварување на неговото делување и давање на неоправдана предност на неспособни партиски кадри кои се подобни и погодни на актуелната власт. Климата и културата за работа се на најниско ниво од формирањето на училиштата и градинките поради притисоците, заканите и мешетарењата на неговите штитеници.

По 12 април ќе започнат да владеат правото и законите, напишаа на Фејсбук од комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус