среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Самостоен синдикат на Водовод при КСС: Синдикатот поддржува протест за секое укинато работничко право, но нема да дозволи искористување на работниците за гол квази синдикален популизам

Самостоен синдикат на Водовод при КСС: Синдикатот поддржува протест за секое укинато работничко право, но нема да дозволи искористување на работниците за гол квази синдикален популизам

Самостојниот синдикат на Водовод отсекогаш се заложувал за унапредување и зачувување на работничките права и затоа ги поддржува сите протести кои се однесуваат на истите, од причина што работничките права се права на сите работници во Македонија. Меѓутоа, барањата кои што ги упати Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ за претстојнот протест не коренсподираат со интересите на работниците во ЈП „Водовод и Канализација“, од причина што, секоја работа во недела во нашето претпријатије се плаќа дополнително, а К-15 го имаат како право сите вработени во ЈП „Водовод и Канализација“.

Затоа, бараме од Сојузот на синдикатите на Македонија, да го дополни барањето – почитување на Законот за минимална плата, со кој платите на сите работници во претпријатието законски треба да пораснат најмалку 20%  до 30 %, како и исплатата на К-15 да не биде бојкотирана и деградирана токму од ССМ и да се исплаќа согласно Колективниот договор, а не како во минатото, да се потпишуваат спогодби со кои истото право им се намалува за шест до седум пати.

Ќе ги повикаме сите наши членови да го поддржат овој протест доколку овие наши барања бидат инкорпорирани во барањата на ССМ, а во спротивно ги повикуваме доколку не се слушне гласот на вработените во ЈП „Водовод и Канализација“, истиот протест да биде бојкотиран, затоа што не ги третира проблемите на вработените во претпријатието, туку е само гол популизам за жолто синдикално преживување.

Затоа браќа и сестри, барањата се: почитување на Законот за минимална плата, со кој платите на сите вработени би се зголемиле за 20% до 30% и исплата на К-15 согласно Колективниот договор, а тоа е по една просечна плата на ниво на Република Македонија. Во спротивно, нашиот интерес да го поддржиме овој протест е никаков, а синдикатот заклучи дека голиот популизам кој го спроведува ССМ е само во насока на ваше искористување и на штета на синдикалното организирање.

На крајот, ние како синдикат веќе долги години бараме почитување на законите, пред се на Законот за минимална плата којшто го предвидува ова покачување, а не бараме предвидување или договарање за наше стекнато право, па затоа се прашуваме: додека ние во изминатите три до четири години ги баравме вашите и нашите права низ улиците со протести, зошто ССМ не ја даде својата поддршка и ги опструираше протестите, како и се договораше со работодавачите и Владата на Економско – социјалниот совет и се согласуваше со неисполнување на правата на работниците, а доколку беа со работниците, овие прашања досега ќе беа решени и наеднаш се освестија и повикуваат на протести за кои што веќе ние зборуваме три – четири години.

Дали овие барања и овој протест организиран од ССМ е само да го оправдаат своето постоење пред нивните членови?

Самостојниот синдикат на Водовод секогаш бил и ќе остане со работниците, но само кога нема да бидат предмет на искористување преку популизам за добивање на политички поени.

Коронавирус