петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Самохрана мајка од Куманово, болна од епилепсија моли за помош

Самохрана мајка од Куманово, болна од епилепсија моли за помош

Призренка Мишиќ (број преку кој можете да ја контактирате 071/311-316) која има епилепсија и е самохрана мајка, заедно со нејзините малолетни ќерки три години живее во оваа куќа во Куманово, која од секаде тече вода и тоне во влага, но не се жали од лошите услови, поради кои и здравјето и е влошено.

Преплашени и збунети од текот на нивниот жовот, чекаат во последен миг некој да ги спаси од лоша судбина.Човекот кој им дозволил да живеат тука ќуката ја продал.

Нивниот живот е полн со солзи ,но и верба дека нема да се разбудат под отворено небо и дека конечно ќе и затворат врата на неизвесноста и влагата која ја има насекаде во куќата од која за еден месец треба се иселат.

„Живеам тука веќе две години, со две ќерки, боледувам од епилепсија, имам проблем со оџак ми тече многу. Од тука треба да си одам во март, немам каде да одам со двете деца“ – вели Призренка Мишиќ.

„Ме тепаше, двапати ми ја скрши главата, ме бркаше од куќа кога ќе дојдеше пијан. Беше пријавуван во полиција. За мене не е битно, децата ќе ми отидат“ – рече Мишиќ.

Оваа самохрана мајка не испрати со надеж дека конечно нејзиниот глас ќе допре на вистинското место и дека нејзините ќерки нема да продложат да чекорат со горчливиот вкус на бесизлезноста. Верува дека еден ден ќе почнат и тие да го живеат своето детство без солзи.