четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 121
home Вести

Самохрана мајка на четири деца од Тетово со молба до надлежните: Моите деца не пробале свеж леб (ВИДЕО)

Самохрана мајка на четири деца од Тетово со молба до надлежните: Моите деца не пробале свеж леб (ВИДЕО)

Шестчлено семејство од Тетово се прехранува со бајата храна, која им ја даваат од околните пекари, јавува телевизија „Телма“.

Ѓевреците и переците се тврди, па мајката Љатвије ги става во вода да омекнат, за да може да ги нахрани нејзините четири деца.

Таа вели дека ова им е единствената храна. Фрижидерот е празен, во него чува по неколку пакетчиња макарони, кои им го даваат соседите. Пари за да купи храна нема.

Без работа е, а нејзинот сопруг ги напуштил пред 5 години, за него вели ниту слушнала, ниту пак знае каде е. Единствено примање и е додаток за трето дете, пари со кои ја плаќа киријата за станот во кој живее.

Со Љатвије живее и нејзината свекрва, болеста ја врзува за креветот. Пред неа има еден куп таблети за разни болести. Побарала помош за туѓа нега, но веќе трета година нема позитивен одговор.