среда, 4. август 2021. Вести денес: 60
home Вести

Само еден процент од тендерите се контролираат, а кај секој петти има неправилности

Само еден процент од тендерите се контролираат, а кај секој петти има неправилности

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Според податоците добиени од мониторингот на јавните набавки, поништувањата на тендерите достигнаа до 33 отсто, што е највисоко ниво во последните неколку години, а причината за тоа е главно, немање понуди или неприфатливи понуди.

Исто така, Извештајот покажува дека е во пораст отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите поради проблеми со документацијата или со понудените предмети на набавка. Контролирани биле само 1 отсто од тендерите во земјава, а во секој петти контролиран тендер се пронајдени неправилности.

Извештајот посочува и дека, конкуренцијата кај локалните тендери останала значително пониска отколку кај тендерите на институциите на национално ниво, како и дека, во жалбената постапка се намалува уделот на уважени жалби од фирмите, а расте уделот на одбиени жалби.

Според резултатите од анкета на фирмите: проблем број еден во јавните набавки за 77 отсто од фирмите е „најниската цена“ како критериум за избор на најповолната понуда. Дека фирмите се договараат на тендерите, оцениле 60 отсто од испитаните фирми, 47 отсто сметаат дека има корупција во јавните набавки, а исто толку рекле дека не се жалат на тендерите поради недоверба во Државната комисија за жалби по јавни набавки. Од скалата од 1 до 5, за оценка за процесот на јавни набавки во земјава, фирмите го оцениле со просечна оценка од 2,8, што е исто како претходната година, а доминантни, 60 отсто од фирмите, рекле дека корона-кризата влијаела негативно врз нивното учество на тендерите.

Мониторингот на јавните набавки се спроведува во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта е зголемување на ефективноста на јавното трошење, преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Коронавирус