среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

МАКФАКС: Само еден лекар прегледува деца и возрасни сред епидемија на морбили

МАКФАКС: Само еден лекар прегледува деца и возрасни сред епидемија на морбили

Тие се вознемирени поради фатот што денеска Министерството за здравство објави дека има епидемија на сипаниците морбили и се зачудени зошто нема дежурен педијатар, каде што ќе се прегледуваат само децата и ќе се намали ризикот од ширење на болеста. Видлива е нервозата кај сите пациенти кои за преглед чекаат и повеќе од еден час во тесната чекалница пред амбулантата.

Како е можно да нема педијатар што ќе се погрижи само за децата? Забележавме деца со осип и навистина се плашиме дека вака може сите да се заразиме“, вели еден од повозрасните пациенти.

Минатата недела министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека од 1 јануари во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ ќе почнат со работа ноќните педијатриски пунктови.

Беше најавено дека овие пунктови  во поликлиниките „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“ и „Бит-пазар“, за граѓаните ќе бидат отворени секој работен ден од 19:30 до 7:30 часот, вклучувајќи ги и лабораториите за испитување крв и урина, кои ќе работат секој ден до 23:30 часот.

Но, ноќните педијатриски пунктови засега останаа само на најава.

На денешната прес-конференција, која се одржа по координативниот состанок за справување со новите случаи на заболени од сипаниците морбили, Министерството за здравство прогласи епидемија. Препораките се однесуваа на тоа од утре децата што не се вакцинирани да не бидат носени во градинките и дека во спротивно родителите ќе бидат правно санкционирани.