Ваков хаос никогаш не владеел во оваа “држава’’! Напиша на Фејсбук новинарот Фуркан Салиу.
-Ти му докажуваш дека во државна институција се краде, УЈП ги казнува, Премиерот ти вика дека прво треба да се обезбедат докази. WTF??? Овој сеуште не знае дека е Премиер, прв човек во извршната власт! Овој брод нема капитен одамна, тој го напушти бродот, а кормилото го фати човек што не знае да вози електричен тротинет. Оваа власт не треба да падне затоа што одамна се паднати, се вели во неговиот Фејсбук статус.