вторник, 10. мај 2022. Вести денес: 36
home Вести

Сали: Длабоко сум свесен за огромната одговорност што ќе ја имам како министер за здравство

Сали: Длабоко сум свесен за огромната одговорност што ќе ја имам како министер за здравство

Длабоко сум свесен за огромната одговорност што ќе ја имам како министер за здравство на Република Северна Македонија, особено во период во кој што се соочуваме со најзголемиот предизвик – пандемијата и нејзините последици, рече новиот министер за здравство, Беким Сали.

-Предизвици во здравството постоеле отсекогаш и јас, како министер, ветувам дека силно ќе се посветам на заложбите да го пополнуваме јазот меѓу здравството какво што е и здравството какво што сакаме да биде. Ќе продолжам таму каде што застанале моите претходници, уважувајќи ја нивната работа, но и детектирајќи го она што допрва треба да биде адресирано. Ќе сторам се’ што е во моја моќ здравствениот систем да биде што помалку ранлив, а што повеќе издржлив на предизвиците со кои се соочуваме и со оние со коишто допрва би се соочувале. Создавањето силен здравствен систем за мене претставува добро и сеопфатно дефинирање на проблемите и системските недоследности и координиран и навремен пристап околу решенијата, истакна Сали.

Приоритети во мојата работа како министер ќе бидат, пред се’, превенцијата и еднаквиот пристап до квалитетни здравствени услуги, зголемувањето и зајакнувањето на капацитетите во здравствениот систем и доброто раководење со нив, како и координацијата и конзистентноста во унапредувањето и спроведувањето на политиките на работа. Освен тоа бескомпромисно ќе се залагам за подобрување на статусот и условите во коишто функционираат здравствените работници и медицинскиот персонал, потенцираше министерост за здравство.

-Во сево ова клучна е координацијата и соработката на сите нивоа и со сите релевантни чинители. Работејќи заедно ќе си помогнеме и себеси и на граѓаните. Во ниту еден момент не смееме да заборавиме дека зад секоја статистика се наоѓаат граѓаните, коишто се најдиректно засегнати од она што се случува во здравството. Мојата работа ќе ја вршам максимално транспарентно, одговорно и со отворен пристап во комуникацијата со јавноста, а пред се’ со вас медиумите, кои што играте клучна улога во правилното, навремено и урамнотежено известување на граѓаните, додаде Сали.

Коронавирус