петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
home Вести

Сали Бериша: И Еди Рама купи автомобил со иста цена како тој на Груевски

Сали Бериша: И Еди Рама купи автомобил со иста цена како тој на Груевски

Поранешниот премиер Сали Бериша ги стави на иста линија албанскиот премиер Еди Рама и поранешниот премиер Никола Груевски.

Поканет во емисијата „5 прашања од Бабарамо“, Бериша се изјасни дека исто како Груевски и Еди Рама, купил автомобил за иста цена како на поранешниот македонски премиер, кој Груевски го чинеше две години затвор.

Бериша: Зошто е осуден Груевски, знаете ли? Дека увезе Бенз, исто како Рама за себе. Кога Рама стана премиер, тој имаше автомобил, но не совршен. Подоцна си купи уште еден за себе, како Груевски. Тој го доби и автомобилот кој беше наменет за делегацијата. Па пред една и пол година си купи уште еден со иста цена како на Груевски. Идентичен со иста цена си купи и Рама. Дали му направи чест за заеднички криминал на Груевски? Е за ова треба да го прашаме лично Еди Рама.

Коронавирус