четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Сакаме пратеник независник!

Сакаме пратеник независник!

Да си знаете, на следните парламентарни избори многу внимателно ќе гласаме. Двапати ќе мериме, еднаш ќе сечеме. Еднаш или ниеднаш. Минималниот фоторобот за избор на личност на така значајна функција ќе се вика – пратеник независник! Па вие видете…пишува Бранко Геровски.

Не е точно дека сум побарал оставка од пратеникот Павле Богоевски. Точно е дека му напишав да се засрами и дека го потсетив за следново: „Во земја во која се легализираше медицинската употреба на канабисот, човек што носи голема општествена одговорност, како пратеник избран од народот, знае што треба да стори“. Веднаш и без одлагање.

Ама ич не ми е гајле што ќе стори Павле и дали ќе поднесе оставка!

Откако самиот јавно призна дека нелегално набавил психотропна супстанција, наводно масло од канабис – значи, не со рецепт, не во аптека, не како сите обични смртници што си имаат мака – судбината на Павле веќе не е прашање на политичка одговорност, туку на кривично-правна постапка.

Од тој аспект, можеби има смисла да расправаме дали наводниот таксист, што наводно го снимил Павлета, сторил кривично дело. Јас тврдам – да. И дали нелегално прибавената снимка може да биде доказ во некоја идна кривична постапка против човекот што го снабдил пратеникот Богоевски. Јас тврдам – не. Законот е јасен, нелегално прибавен доказ не може да се користи во судска постапка. И тоа важи за сите, а не само за оваа нелегална снимка.

Туку, ај да не тупам за ова, знам дека не ви се допаѓа таа тема. Впрочем, пола доза колумна потрошив на човек што вчера сам си ја оконча политичката кариера. Втората половина сакам да ја посветам на неговите бранители, на тие што јавно се ставија на страната на Павле и кои бараат да се засрамиме ние што немаме разбирање за постапката на хировитиот пратеник.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА