сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 20
home Вести

Сајкоски за “колумната на Денко Малески”: Човек кој секогаш кога треба да се направи штета на македонските позиции се јавува прв

Сајкоски за “колумната на Денко Малески”: Човек кој секогаш кога треба да се направи штета на македонските позиции се јавува прв

Збор два за “колумната на Денко Малески”
Многу размислував дали да напишам нешто за текстот на Денко, само од една единствена причина дали вреди да му се пише на Денко. Дали да му пишам на човекот кој секогаш кога треба да се направи штета на македонските позиции се јавува прв. Имав дилема. Само не можев да премолчам бидејќи ако молчиме ќе помисли дека е во право. Зборува за историја, зборува за се и сешто неповикан со готов текст, реагира претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кичево Ѓорѓија Сајкоски.

Од осамостојувањето до денес се прашувам зошто, зошто неповикан денес дава констатација, зошто кога треба да е во функција на негирањето е прв. Навистина зошто? Секогаш бил на врвот, секогаш привилегиран, секогаш без став. Зошто работи за туѓи пропаганди и зошто е секогаш прв. Чудно ми е човекот напишал ќе го пречкрташ едното ќе пишеш друго и ќе формираш народ, демек народ така се формирал. Пишува и за Илинденското востание, не сакам да му пишувам долги текстови со безброј историски факти и архивски документи бидејќи знам дека нешто прочитал. Затоа кратко нека провери ако до сега не видел во кој текст што е од периодот на Илинден пишува дека востаниците се бореле за друга држава туку за Македонија во тие од архивот во Скопје, во Софија или под сликите на македонските револуционери. Каде?

Па затоа сакам да ти ставам сомнеж за несовесноста да размислиш како во Бугарија, Грција и Албанија каде има граѓани кои се декларираат дека се Македонци и така се декларирале низ вековите кој нив ги направи такви, сигурно пенкалото на историчарите или можеби моливот на Денко. Но зошто не размислуваме, зошто баш сега не условуваат, зошто баш тие кои се претставуваат дека се исти како нас и зошто пред секој важен настан за Македонија и македонскиот народ. Зошто Денко?
Некој уште во 1903 го имал одговорот-Мисирков!, вели во својата реакција Сајкоски.

Збор два за “колумната на Денко Малески”Многу размислував дали да напишам нешто за текстот на Денко, само од една…

Gepostet von Ѓорѓија Сајкоски am Dienstag, 28. April 2020

Коронавирус