недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

Сајкоски: Власта ги загрози животите на граѓаните со ненабавката на вакцини, потребна е одговорност

Сајкоски: Власта ги загрози животите на граѓаните со ненабавката на вакцини, потребна е одговорност

Срамно и жално, но пострашно е што станавме потсмев и на домашната и на меѓународната јавност и треба да има одговорност за загрозување на животите на граѓаните, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на ненабавката на вакцини од страна на власта и вратениот аванс за вакцините од Кина.

Сајкоски потенцираше дека целиот регион се вакцинира, па дури и Бангладеш има 2 до 3 милиони вакцини, а кај нас само убедувања дека вакцините само што не пристигнале, иако прашање е дали до крај на годината ќе се набават.

– Голем дел од државите се борат и набавуваат вакцини, кај нас до ден денеска и покрај убедувањата на Филипче дека имаме обезбедено вакцини, дека готово само што не пристигнале и дека ќе дојдеа јануари, февруари, март, ќе помине годината, а ќе немаме ниту една вакцина. Навистина за ова треба да има одговорност бидејќи е загрозен животот на граѓаните на Македонија на ваков начин и негрижа, истакна Сајкоски

Коронавирус