сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Сајкоски со повик до кичевци: Време е да кажеме стоп, на 2-ри јуни масовно да се собереме пред Владата на Република Македонија

Сајкоски со повик до кичевци: Време е да кажеме стоп, на 2-ри јуни масовно да се собереме пред Владата на Република Македонија

Помина точно една година од катастрофалното владеење на СДСМ во нашата татковина Република Македонија. Една година застој, една година лаги и манипулации, нереализирани ветувања, економски пустош и распродавање на национални интереси на Република Македонија. Стагнација и уназадување има во секое поле од општественото живеење. Стопирани се сите поголеми инфраструктурни зафати започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Ѓорги Сајкоски од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кичево.

Тој кажа дека запре изградбата на автопатот Кичево- Охрид.

-Истото се случува и со автопадот Миладиновци- Штип, додека пак автопатот Демир Капија- Смоквица, иако им го оставивме готов тие во употреба го пуштија во после една година, а да не зборуваме за ветените 500 километри нови автопатишта за кои нема ни трага ни глас. Запрена е изградбата на болницата во Кичево. Нема нови инвестиции, ниту креирање  на нови работни места. Запрена е модернизацијата на електраната „Осломеј“ со која се планираше да се обезбеди подобра иднина на комбинатот. Не работат. Работат на затварање на правниот факултет во Кичево. Но, не работат за зголемување на просечната плата од 500 евра. Ниту ќе ја има платата, ни пензиите наместо да растат тие опаѓаат. Но, затоа имаме поскапо гориво, изјави Сајкоски.

Тој кажа дека во Кичево кичевчани ќе плаќаат многу поскапа вода следниов период.

-Но, тоа не е се. Се очекува и поскапа струја и зголемување на цената на сите прозиводи. Затоа време е да кажеме стоп. ВМРО-ДПМНЕ ве повикува заеднички, масовно да се спротиставиме на штетните политики на оваа ненародна власт. Да го притиснеме црвеното копче за да ги запреме во носењето на лошите политики и да ги тргнеме од власт. Затоа ве повикуваме почитувани кичевчани на 2 јуни, во сабота на платото на железничката станица во Кичево, да се собереме масовно во 17 часот и да тргнеме пред Владата на Република Македонија во Скопје. Така ќе кажеме не за штетните политики на оваа влада, изјави Сајкоски.

Коронавирус