сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Сајкоски со мотивирачки пост на Фејсбук: Поделбите во ВМРО-ДПМНЕ ќе завршат, СДСМ ќе биде поразен

Сајкоски со мотивирачки пост на Фејсбук: Поделбите во ВМРО-ДПМНЕ ќе завршат, СДСМ ќе биде поразен

Од денес започнуваат теренските активности на новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски. Ќе организира состаноци, ќе оди од врата на врата а прва задача ќе му биде да се сретне со незадоволните членови, да ги дознае причините за нивниот револт, а истовремено и да се обиде да ги разубеди дека само преку партиско сплотување може да се порази актуелната власт. Во изјава за Телма , Сајкоски е оптимист дека ќе успее да го обедини членството.

-Она што јас ќе го работам ќе биде да пристапам до сите наши членови кои што не се задоволни, кои што мислат поинаку, да ги сослушам, да разговарам со нив и да ги убедам дека ние сме опцијата која треба да победи на следните избори во Република Македонија. Исто така ќе работам во насока да новите членови кои што веќе почнаа да пристапуваат, да ги вклучам директно во партијата, рече Сајкоски.

Сајкоски не е непознат за членството. Потекнува од Кичево, извршувал повеќе партиски функции, бил заменик министер за локална самоуправа. Познат е на сегашните, но и на поранешните функционери. Дури и од Иницијативниот одбор за промени сметаат дека тој е добар теренец а расколот во партијата го лоцираат кај Мицкоски.

Но Иницијативниот одбор не отстапува од свикување вонреден конгрес. Ги мобилизираат делегатите а очекувањата се дека тој ќе се одржи по вонредните локални избори во Штип и Пласница.

Поделбите ќе завршат, СДСМ ќе биде поразен,за сите добронамерни граѓани вратата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е отворена.

Posted by Ѓорѓија Сајкоски on Thursday, October 1, 2020

Коронавирус