недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Сајкоски: Се сретнав со сите и со оние кои ја критикуваат партијата, сите заеднички во ВМРО-ДПМНЕ треба да делуваме и да ја направиме Македонија подобра држава

Сајкоски: Се сретнав со сите и со оние кои ја критикуваат партијата, сите заеднички во ВМРО-ДПМНЕ треба да делуваме и да ја направиме Македонија подобра држава

Нас прво не убедуваа дека сме во ЕУ, сега гледаме каква е ситуацијата не сме биле во ЕУ, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.
Владата влезе во целата оваа работа целосно неподготвена.

-Прво рекоа постигнат е договор со Бугарија, а потоа формираат Комисија која ќе дебатира за прашања од Договорот. Како тогаш е постигнат договор, а се дебатира за теми, укажа Сајкоски.

СДСМ нема политика, нема стратегија укажа тој, и кажа дека во ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ има јасни ставови.

-Во иднона планираме да имаме отворен ден за да имаме средби со нашите членови. Со сите без разлика дали ажурирале членство или не. Планот е да почнеме со месните комитети и да стигнеме до Централнииот комитет. Ќе ги слушнеме нивните идеи и ќе ги вградиме во нашето делување, укажа Сајкоски.

Според него ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на јасна визија за квалитет на живот, подобрување на единството во државата и тоа по сите основи.

Јас, додаде тој, сум постојано на терен со своите сопартијци.

-Со моето доаѓање на позицијата генерален секретар зборував и со оние незадоволни и оние кои го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ бидејќи треба сите заеднички да работиме, тоа им го должиме на граѓаните. И мислам дека во следниот период и тие ќе се вклучат во делот каде можат, рече Сајкоски и додаде дека не сака да зборува на поединци.

-Сите кои се на позициии треба да вратат на членовите, симпатизерите, граѓаните и да работиме сите заедно. И ова се однесува за сите кои ја критикуваат партијата, рече Сајкоски.

Најнови вести

Коронавирус