сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Сајкоски: Мицкоски има јасна поддршка од сите во партијата

Сајкоски: Мицкоски има јасна поддршка од сите во партијата

Во иднина планираме да имаме отворен ден за да имаме средби со нашите членови. Со сите без разлика дали ажурирале членство или не. Планот е да почнеме со месните комитети и да стигнеме до Централнииот комитет. Ќе ги слушнеме нивните идеи и ќе ги вградиме во нашето делување, укажа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Според него ВМРО-ДПМНЕ ќе работи со сите членови, симпатизери на јасна визија за квалитет на живот, подобрување на единството во државата и тоа по сите основи.

-Сите кои се на позициии треба да вратат на членовите, симпатизерите, граѓаните и да работиме сите заедно. И ова се однесува за сите кои ја критикуваат партијата, рече Сајкоски.

Сајковски информираше дека во најава нема Конгрес за кој толку многу се зборуваше.

-Претседателот Христијан Мицкоски има силна и јасна поддршка од структурите на партијата, од челенството, рече Сајкоски.

Најнови вести

Коронавирус