сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 41
home Вести

Сајкоски: Кирацовски ја загрозува автономијата на Универзитетот „Свети Климент Охридски“

Сајкоски: Кирацовски ја загрозува автономијата на Универзитетот „Свети Климент Охридски“

Пред 10 години имав чест и задоволство како претседател на советот на Општина Кичево да бидам дел од манифестацијата за отворање на Правниот факултет во Кичево. Денес после 10 години и завршени 1.300 студенти и можност за развој на регионот и на градот Кичево, Александар Кирацовски директно почна да се меша во академската слобода и автономијата на Универзитетот „Свети Климент Охридски“, истакна Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изјавата на Александар Кирацовски за преместување на Правниот факултет од Кичево во Битола е скандалозна. Недозволиво е политичар да се меша во автономијата на Универзитетот и да донесува одлуки во име на Универзитетот. Универзитетот ужива неприкосновеност на автономијата, која му се гарантира со Законот за Високото образование на Република Македонија. Кирацовски му го одзема законското право на  Универзитет „Свети Климент Охридски“ сам да одлучува за планирањето, остварувањето и развојот на високообразовната дејност. Кирацовски директно го загрозува правото на Универзитетот сам да одлучува за воспоставување и уредување на внатрешната организација, рече Сајковски и додаде:

„Кирацовски  ја ускратува и можноста на многу општински  институции и приватни компании да се развиваат со тоа што имаат можност да соработуваат со Правниот факултет во Кичево. Меѓу другото оваа одлука носи огромна  штета на општина Кичево. СДСМ повторно му наштетува на Кичево овој пат преку образованието на младите од оваа општина и регионот. Очигледно  е дека СДСМ не сака да има ниту студентски развој ниту развој на факултет во Кичево, каде младите ќе имаат можност да ги надградуваат своите интелектуални капацитети. СДСМ и Кирацовски се однесуваат  како законите да не важат за нив“.

Коронавирус