сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 63
home Вести

Сајкоски: Каде се парите и дали сите фирми водат кон Струмица од злоупотребата во Еуростандард?

Сајкоски: Каде се парите и дали сите фирми водат кон Струмица од злоупотребата во Еуростандард?

Горѓија Сајкоски, пратеник и генерален секретар н ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска комисија за надзорна расправа за причините за пропаѓањето на Еуростандард банка, изјави дека очекува одговори од директорот на финансиската полиција дали спорните фирми должници на банката водат до Струмица и каде се парите од направената злоупотреба.

Сајкоски истакна дека финансиската полиција е надлежна институција да ги штити и инетересите на граѓаните покрај интересите на државата и затоа верува дека ќе добие одговори во однос на поставените прашања за сомнителните должници на Еуростандард.

– Дали има податок кои се фирмите што се сомнителни должници, бидејќи кажавте дека имате отворено истрага и сигурно имате предмет по истата истрага. Втора работа што е многу важна и што финанскискта полиција сигурно го направила е да детектира на каков начин се добиени кредитите и дали споменатите 29 фирми кои биле привилегирани сите водат до Струмица? Дали се само 29 или се 51 или можеби 55? И трета работа која што сакам да прашам како надлежна инситуција и сигурно имате податок за тоа, каде се парите?- прашува Сајкоски.

Тој потенцираше дека сите присутни на Надзорната расправа слушнааи од обвинителот и од останатите дека фалат 50 или 60 милиони ера од банката и токму затоа потребно е да се знае каде се тие пари и зошто е направена ваква злоупотреба.

Коронавирус