четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 64
home Вести

Сајкоски: Додека светот работеше и уште работи на борбата со короната, нашите властодршци велат „се е под конторла“

Сајкоски: Додека светот работеше и уште работи на борбата со короната, нашите властодршци велат „се е под конторла“

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека Зоран Заев и Венко Филипче пoд итно да престанат со демагогии и да се фатат за работа.

-Зоран Заев и Венко Филипче пoд итно да престанат со демагогии и да се фатат за работа. Народот е во бунило, владее тотален хаос, стотици семејства се во паника затоа што знаат дека во болниците повеќе нема слободно место. Имаа време цело лето да се подготват, да набават и кревети, и боци со кислород, и да најдат персонал. Наместо со време да го сработат сетоа тоа тие ништо не преземаа. Луѓето молат за донации за крв, јавно преку социјалните мрежи бараат врски за да се прими нивен близок во болница. Нека престанат да се вадат на тоа дека цел свет е во хаос. Ама дали целиот свет трошеше пари на тендери и нови вработувања додека се наближуваше новиот бран? Дали целиот свет отпушташе медицински персонал во време на пандемија? Дали целиот свет велеше дека се е под конторла, туку одговорно правеше организација во болниците?
Ете тоа е разликата меѓу нас и светот. Додека светот работеше и уште работи на борбата со короната, нашите властодршци велат „се е под конторла“ .
Ништо не е под контрола! Ништо! Само не сакате да признаете.
Оставка!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Зоран Заев и Венко Филипче пoд итно да престанат со демагогии и да се фатат за работа. Народот е во бунило, владее…

Posted by Ѓорѓија Сајкоски on Вторник, 24 ноември 2020

Коронавирус