вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 79
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Вести

„Сајберкултура“ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

„Сајберкултура“ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Националната галерија на Република Северна Македонија традиционално го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби преку проектот социјална инклузија „Сајберкултура“. Осум скопски гимназии ќе учествуваат со уметнички мозаик, а за учество во овој проект на сите учесници ќе им бидат доделени благодарници и пригодни подароци.

Појавата на Интернет и дигитализацијата во секојдневниот живот доведе до нови форми на општествени активности кои ја вклучуваат и областа на сајберкултурата. Сајберкултурата често се поистоветува со дигитална култура, интернет-култура, виртуелна култура итн. Сето ова укажува на еден тренд во современото живеење, на начинот на кој се одвиваат комуникациите и размената на информации. Улогата на Интернет, кој е еден вид есперанто јазик, создава виртуелни и онлајн комуникации кои се општоприфатени од сите возрасти, наведуваат органзиатрите на „Сајберкултура“.

Проектот е своевидно огледало нашата стварност, еден вид одговор на сето она што се случува во светот, на она што се случува кај младите луѓе, без разлика дали се деца од редовната настава или деца со попреченост.

Едукатор на проектот е Маја Димитрова, а проектот ќе може да се погледне до 5 јануари

Коронавирус