недела, 29. март 2020. Вести денес: 30
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Сагата со заглавените Македонци низ Европа продолжува: Државата за враќање на нашинците од Хрватска им нуди билети по повисоки цени од реалните (ФОТО)

Сагата со заглавените Македонци низ Европа продолжува: Државата за враќање на нашинците од Хрватска им нуди билети по повисоки цени од реалните (ФОТО)

Откако вчера до редакцијата на КУРИР пристигнаа стотици жалби од македонски граѓани заглавени низ цела Европа, сагата продолжува и денеска.

До  редакцијата на КУРИР млад македонски граѓанин се обрати за да го искаже својот револт кон ново настанатата ситуација и „справувањето“ на владата со истото.

Имено македонскиот граѓанин кој престојува и работи во Загреб веќе некое време е заглавен таму и сака да се врати дома со владините летови кои ги промовираше власта неодамна.

Истите летови како што најавија на прес-конференција ќе биле со минимална цена, што е спротивно на она што го тврди нашиот револтиран читател.

-За цената на картите ни се јавија од македонската амбасада во Хрватска. За да се вратам утре во Македонија треба да платам карта од 190 евра со рачен багаж од 20 килограми. Нормалната цена за таа релација Загреб- Скопје  е околу 150 евра, па дури и поевтино, тврди тој.

 

Цената на картите кои ги пребаравме и ние се однесуваат за месец април бидејќи од тогаш хрватска планира и се надева дека ќе ги отвори границите кои во моментов се затворени како копнени така и воздушни.

-Во вонредни услови кога секоја од околните држави им помагаат на своите граѓани и ја покажуваат својата социјална грижа во нашата земја и покрај тоа што се наоѓа власт која се декларираше како власт која се грижи за граѓаните и социјалните услови во државата, на своите граѓани им ја отежнува и онака тешката материјална состојба. Нашите граѓани кои се во странство и кои отишле да заработат парче леб, не по своја вина се нашле во ваква ситуација и сега се условени да се вратат дома и тоа со повисоки цени од реалните за авионските билети, вели револтираниот нашинец.

Тој додава дека во целиот овој хаос пољубезни биле граничните луѓе и полиција која ја контактирале за да се консултираат отколку вработените во македонската амбасада во Загреб.

Вели дека негови роднини кога се случил земјотресот се обратиле во македонската амбасада за да дознаат за Македонците кои живеат во Хрватска, но од таму дрско се однесувале со нив.

Инаку нашинците кои живеат во Хрватска утре со организиран лет треба да се вратат во нашата земја, во рок од 14 дена треба да бидат во карантин, а во рок од 15 дена да ги платат авионските билети.