среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 149
home Вести

Саемот на мебел ќе се одржи во октомври во ВИП Борис Трајковски

Саемот на мебел ќе се одржи во октомври во ВИП Борис Трајковски

Саемот на мебел годинава ќе се одржи од 5 до 10 октомври во комплексот на ВИП Арената „Борис Трајковски“.

Од Скопски саем, кој е организатор на оваа саемска манифестација, најавуваат дека вкупниот изложбен простор ќе биде 8.000 метри квадратни. Покрај  просторот во ВИП Арената, надвор ќе бидат поставени и монтажни изложбени објекти.

– Учество на саемот најавија најголемите производители и трговци на мебел од земјата и регионот, при што посетителите може да очекуваат дека понудата на најновите дизајни на мебел ќе биде мошне богата и разноврсна за сечиј вкус. Секако, и оваа година изложувачите најавуваат големи саемски попусти, велат од Скопски саем.

Саемот на мебел е еден од најпосетуваните манифестации кој традиционално е посетен од околу 50.000 посетители.

Покрај Саемот на мебел, од 24 до 28 октомври ќе се одржи и „Технома“ заедно со Саемот на градежништво и „Реалекспо“ во комплексот на ВИП Арена Борис Трајковски.

Коронавирус