петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 118
home Вести

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името на државата во Република Северна Македонија, информираат од Амбасадата на САД во Скопје.

– Владата на САД денеска доби официјално известување за промената на името на Република Северна Македонија. Во согласност со тоа, ние веднаш ќе почнеме да го користиме новото име и ќе го започнеме процесот за промена на референците на интернет страниците, официјалните документи и други места, објави на својот твитер-профил Американската амбасада.

Инаку во 2016 година премиерот Зоран Заев ја убедуваше македонската јавност дека никогаш нема да се промени името на Република Македонија, дури и изјави дека на Америка не можеме да и кажеме дека згрешила што не признала под уставното име.