недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 46
home Вести

САД: Не сме за размена на територии на Западен Балкан

САД: Не сме за размена на територии на Западен Балкан

Американскиот амбасадор во Приштина Филип Коснет изјави дека ниту САД ниту нивните европски партнери немаат интерес да промовираат каква било размена на територии на Западен Балкан.

– Не знам кој ги пишува овие неофицијални документи, но кој и да ги пишува, секако е задоволен од прекумерната реакција, изјави Коснет за РТК2, коментирајќи го објавувањето на нон-пејперот за промени на Западен Балкан, пренесува РТЦГ.

Тој изјави и дека Вашингтон е посветен на поддршката за процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина, под закрила на ЕУ.

Коснет рече дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден внимателно ја разгледала работата на претходната американска администрација и заклучила дека „има многу вредни делови“.

.На прашањето дали Вашингтонскиот договор е основа за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина, тој истакна дека администрацијата на Бајден го прифатила договорот, но дека тоа не значи дека документот е единствената скица за разговори.

Тој прецизираше дека има „политички елементи за кои не се разговарало во Вашингтонскиот договор, кој беше постигнат меѓу Србија и Косово со посредство на тогашниот претседател Доналд Трамп.

ЕУРО 2020

Македонија