сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 65
home Вести

Сѐ повеќе деца се хоспитализираат во Козле- короната коси се пред себе, болниците се преполнија за само 24 часа

Сѐ повеќе деца се хоспитализираат во Козле- короната коси се пред себе, болниците се преполнија за само 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Коронавирус