понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Русковска: Парите од рекетот не се пронајдени, мислам дека тие пари се протошени

Русковска: Парите од рекетот не се пронајдени, мислам дека тие пари се протошени

Шефицата на организираниот криминал Вилма Русковска во денешното гостување во 24 отворено потврди дека никој официјално досега не понудил спогодба за случајот „Рекет“.

Таа потенцираше дека не очекува одовлекување на случајот и смета дека нема многу обвинети во случајот, имало само тројца. Доказниот матерјал е обемен и не очекува дека во наредните три дена ќе биде оценет обвинителниот акт од кога бил поднесен.

Во врска со тоа дали клучните искази против Јанева се од нејзината колешка Лиле Стефановска и обвинетиот Кичеец, Русковска рече:

Тие не дале исказ на главна расправа, не можам да зборувам за искази на главна расправа, судиите треба да ги слушнат тие искази во судница, рече Русковска.

Таа потенцираше дека во истражниот тим има и форензичар кој ја убедил со неговата анализа дека снимката е веродостојна, но дека парите се уште не се пронајдени и дека не биле обележани со што се отежнала истрагата.

Лично мислам дека тие пари се протошени, рече Русковска.

 

Коронавирус