четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Русковска негираше, но Маричиќ потврди дека таа е обвинителот со кој се сретнал во петокот

Русковска негираше, но Маричиќ потврди дека таа е обвинителот со кој се сретнал во петокот

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска рече дека најверојатно, тој е првиот член во Владата кој дознал дека се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков и за тоа разбрал во петокот, на неформална средба со јавен обвинител

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, е обвинителот со кој се сретнал министерот за правда, Бојан Маричиќ во петокот кога беа и завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“ каде обвинет беше и Сашо Мијалков.

За ова, потврда добиле од порталот А1он, токму од министерот за правда, Бојан Маричиќ. Тој рекол дека имале неформална средба со Русковска, која негираше дека уште во петокот информирала член на Владата за индициите за бегството на Мијалков.

Маричиќ за порталот вели дека на средбата со Русковска разговарале за проблемите во Обвинителството од повеќе апспекти, а информацијата за можно бегство на Мијалков му била кажана како гласина која обвинителката ја слушнала, но не посочила извор.

-Тоа беше неформална средба и се разговараше за повеќе теми поврзани со работатат на Обвинителството, имплементација на Законот за јавно обвинителство.  Јас немав ниту информација дека тој ден имало завршни зборови за случајот „Таргет-Тврдина“. Не знаев кој е изворот, но посочив да се проверат информации и доколку се точни да се постапи, изјавил Маричиќ.

Според ова, Русковска уште во петокот добила информација дека Мијалков подготвува бегство. Но, според она што е познато, таа во саботата барала од МВР да се проверат овие информации, а во неделата Обвинителството побарало притвор од Кривичниот суд.

Коронавирус