вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 168
home Вести

Русковска на „распит“ кај Младен Чадиковски

Русковска на „распит“ кај Младен Чадиковски

Обвинителката Вилма Русковска, по долго време и по прозивка од јавноста, реши да се одважи и да даде објаснување за предметот „Рекет“.

Интервјуто кое на 24 вести го води Младен Чадиковски наликува на распит, односно Вилма Рускоска одговара на прашањата како да се наоѓа на распит пред обвинител.

Имено на прашањето на Чадиковски околу случајот со новинарот на порталот Инфомакс, Рускоска даде многу чуден одговор.

За Русковска е несфатливо да се брка „кртот“ кој од обвинителство го изнел исказот на Орце Камчев, ама нормално е да се гони новинарот кој во случајот е гласник.

-Не направивме истрага внатре во обвинителството, затоа што на многу луѓе кои дошле во допир со предметот ќе им се предизвикаат страшни непријатности, рече Русковска.

Коронавирус