понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 135
home Вести

Русковска без прочитана писмена пресуда најави жалби за повисоки казни за затворениците од 27-ми април

Русковска без прочитана писмена пресуда најави жалби за повисоки казни за затворениците од 27-ми април

Во вчерашната емисија „Клик Плус“ гостуваше Вилма Русковска, шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје која најави поднесување на барање за повисоки казни за затворениците од 27-ми април без притоа уште не прочитана пресудата во писмена форма.

-Јас сметам дека е делумно задоволена правдата, со оглед на законот за амнестија. Не сум ја добила пресудата, не е писмено изготвена. Ќе треба да го прочитам образложението на судијата што ќе го даде во писмено изработената пресуда, посочи Русковска. Русковска најави дека би сакала да го види образложението на судот, но ќе вложела жалба за казната за сите други не само за Абдул Фета. Бидејќи право на обвинителството е да вложува жалби, но судот е тој што одлучува по жалбите и за висината на казните. Дали ќе бидат зголемени, дали ќе бидат потврдени и дали ќе бидат и евентуално намалени казните.

Локални избори 2021